«

»

Nov 27

Инфо ден за спроведување и воведување на ЕУ Леадер пристапот во Пелагонискиот регион

Сместувачки капацитети во Мариово, Центар за обука на земјоделци, Дневен центар за грижа на стари лица, Обуки за земјоделците, Откупни центри за земјоделски производи се само дел од идеите за проекти кои беа споменати на Инфо денот за спроведување и воведување на ЕУ Леадер пристапот во Пелагонискиот регион а со кои би се аплицирало за средства од ЕУ фондовите.

Целта на работилницата беше информирање на населението за предностите од здружување при решавање на заедничките проблеми во рамките на ПеЛАГонија Леадер програмата.

Преку кратка презентација на присутните им се објасни суштината на проектот а преку конкретни примери им се укажа на можностите кои ги нуди оваа иницијатива. На средбата се утврдија очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот.

ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамките на политиката на ЕУ за рурален развој и е важна компонента од заедничката земјоделска политика. ЛЕАДЕР е метода за мобилизирање и остварување на побрз и подинамичен рурален развој во локалните средини. Претставува еден вид алатка за поттикнување на луѓето од руралните средини да изнајдат нови начини за заедничка работа со цел подобрување на квалитетот  и условите за живот.

Проектот првично ќе трае 1 година со можност за продолжување за уште 3 години. Пилот проектите ќе започнат да се реализираат во првиот квартал од 2013 година. Во Република Македонија ќе може да се формираат околу 20 ЛАГ-ови кои ќе имаат можност да аплицираат за околу 200 000 евра по локална акциона група.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php