«

»

Nov 27

Изложба на фотографии за животот на Евреите од Централна Европа

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски присуствуваше на изложбата на фотографии „Меморија за Евреите“, првиот културен проект на новоотворениот унгарски конзулат. Целта на изложбата е преку фотографии да се прикаже животната приказна и секојдневието на Евреите од Централна Европа.

„Секогаш кога има повод и имам покана за некоја културна манифестација јас ја посетувам, а оваа изложба претставува почеток на богатата у плодна соработка која општина Новаци ќе ја има со унгарската амбасада и новоотворениот унгарскиот конзулат“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На изложбата беше присутен и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија,Јозеф Бенце кој потоа оствари средба со градоначалникот Котевски во општина Новаци.

„Оваа изложба на слики е изложена во Меморијалниот центар на Евреите, а нашата амбасада има чест да ја донесе овде во оваа културна институција за прв пат. Не смееме да заборавиме дека тука беше домот на многу евреи врз кои беше извршен геноцид “ рече амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенце.

Изложбата се базира на инспиративниот проект за истражување на усната историја на фондацијата Центрола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php