«

»

Nov 27

Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на Р.Унгарија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се покажа како гостопримлив домаќин и достојно ја пречека унгарската делегација составена од  амбасадорот на Република Унгарија Јозеф Бенце, првиот конзул на Р.Унгарија Матјуш Шандор и почесниот конзул на Р.Унгарија во Битола Сашо Јанакиевски.  

„Прв пат сме домаќини на делегација од Република Унгарија. Разговаравме и со амбасадорот и со конзулите , при што јас ги запознав со богатствата и со ресурсите со кои располага општина Новаци.Беа заинтересирани посебно во делот на земјоделството и унапредувањето на оваа гранка .“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Со одлука на унгарските власти за почесен конзул на Република Унгарија во Република Македонија е именуван битолскиот бизнисмен Сашо Јанакиевски кој најави интензивна соработка во наредниот период особено во доменот на економските, културните и спортските активности.

„Сакаме да иницираме потпишување на меморандум за соработка со еден од најголемите универзитети за земјоделство од Ѓунѓош, Унгарија , бидејќи во општина Новаци најолемм дел од населението се занимава со земјоделство. Овој универзитет располага и со винарска визба. Исто така сакаме да поттикнеме културна соработка, но и соработка од областа на филмската индустрија, затоа што во општина Новаци, поточно во Мариово досега се снимале неколку филмови, вели почесниот конзул на Р.Унгарија во РМ, Сашо Јанакиевски.

Општина Новаци досега вакви иницијативи за соработка воспоставила со две општини од Австралија, една хрватска општина и една турска општина иницирана од амбасадорот на РМ во Р.Турција, Горан Тасковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php