«

»

Nov 26

Втора студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ

На 29 и 30 ноември ќе се реализира втората студиска посета од проектот за спроведување на паарно греење во Новаци и Битола.Дел од администрацијата на овие две општини, стручни лица од Техничкиот факултет Битола и проект менаџерите ќе остварат посета на грчката топлификација ДЕТЕПА  и термоцентралата во Аминтео, Р.Грција.Во рамките на посетата ќе се разменуваат искуства, ќе се црпат знаења и мислења со цел полесно да решат проблемите на кои ќе се наиде при инсталацијата на топловодите за централно греење.

ДЕТЕПА е општинска компанија за централно греење на поширокиот регион на Аминтео.Оваа компанија започна со работа и искористување на топлинската енергија за централно греење во Аминтео, Филотас и Левија во 2004 готина.Спроведениот систем обезбедува и дистрибуира топлинска енергија од локалната термоцентрала до станбените, комерцијалните и индустриските потрошувачи .

ТЕЛЕТЕРМ е комплексен проект кој комбинира различни активности за пренос на знаење за централно греење на општините Битола и Новаци. Со реализацијата на овој проект ќе се помогне при размената на знаење за спроведување на централно греење во Битола и Новаци.

ТЕЛЕТЕРМ е проект од големо значење за рационална употреба и заштеда на енергија.Истиот ќе придонесе за редуцирање на штетните гасови во регионот и ќе има позитивен ефект врз локалната економија.Проектот за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола датира уште од нејзината изградба. Се очекува со реализацијата на проектот ТЕЛЕТЕРМ да се создадат услови за побрза изградба на системот за искористување на топлинската енергија од РЕК.Како дополнителен бенефит и добивка се очекува да биде можноста за изградба на оранжерии, бидејќи се очекува трасата на топловодот  да врви низ плодното пелагониско земјиште.

Првата студиска посета на грчките партнери се реализира на средината од минатиот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php