«

»

Nov 24

ЦОУ “Славко Лумбарковски” од Новаци пилот училиште за електронско екстерно училиште

Централното основно училиште „ Славко Лумбарковски“ од с.Новаци е избрано за пилот училиште каде во текот на месец декември оваа година Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација на РМ, ќе организира и спроведе електронско-екстерно тестирање.

„Нашето училиште е избрано за примерок за пилот тестирање. Со цел истото да биде успешно, од нас е побарано да направиме проверка на веродостојноста на податоците за учениците и наставниците кои се внесени во ЕМИС и ние тоа ќе го направиме во најкус можен рок. Известени се сите наставници и веќе започнавме со подготовките за електронското тестирање“ вели директорката на ЦОУ„Славко Лумбарковски“ Ана Котевска Вељановска.

Екстерно тестирање, електронска државна матура, бесплатни пораки за информации од Електронскиот дневник, тестови за личноста за нововработените наставници како и воведување тестови за откривање на афинитетите за учениците се само дел од новините што ќе се воведат во оваа учебна година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php