«

»

Nov 22

Транспарентни Локални Избори 2013

Претставници на невладиниот сектор денеска на средба со градоначалникот Лазар Котевски.Се разговараше за начинот на спроведување на локалните избори, нивната транспарентност и објавувањето на изборната програма на кандидатот за градоначалник на Локалните избори 2013 во општина Новаци.

„Разговаравме за претстојните локални избори кои треба да се одржат во март 2013 година, за тоа дека истите треба да бидат транспарентни, дека граѓаните треба да се информираат за начинот на спроведување, за она што досега е направено, но и за објавувањето на изборната програма со која јас како кандидат за градоначалник за уште еден мандат ќе им ја побарам довербата на жителите на општина Новаци“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Претставниците на невладините организации го информираа градоначалникот Котевски за начинот и планираните активности за следење и медиумско покривање на Локалните избори 2013 во општина Новаци.

„ Целта на овој проект е да се подобри информираноста на граѓаните во врска со предизборните понуди на политичките партии и кандидатите за градоначалници, како и да допринесе за подобрување на истите.“ велат од Агенцијата за Граѓанска толеранција и соработка од Прилеп.

Проектот ќе ги опфати општините во Пелагонискиот регион: Прилеп, Кривогаштани, Новаци, Могила, Битола, Крушево, Долнени, Демир Хисар и Ресен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php