«

»

Nov 22

Општина Новаци започна со поставување на новите тротоари

Општина Новаци продолжува со градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура на нејзина територија. Деновиве се започна со поставување на новите тротоари во должина од 1 километар во с.Новаци.

„Продолжуваме со активностите со несмален интензитет се додека ни дозволуваат временските прилики. Започнавме со поставување на тротоарите од двете страни на улицата која врви во средината на Новаци“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Средствата за овие градежни зафати се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php