«

»

Nov 21

Градоначалникот Котевски на средба со претставници од Комуналното Претпријатие “Пела Хигиена”

Решавање на тековни работи и проблеми, начинот на собирање и одлагање на комуналниот смет, одржувањето на локалните водоводи и вклучувањето на заедничкото комунално претпријатие на Новаци и Могила „ Пела Хигиена “ во есенската акција „ Ден на дрвото-засадија својата иднина“ беа само дел од дискусиите на денешната средба на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставниците на комуналното претпријатие.

„Денеска разговараме за досегашната работата на заедничкото комунално претпријатие „ Пела Хигиена“ но и ги планираме активностите за наредниот период, начинот на кој ќе се одржуваат локалните водоводи, собирањето на комуналниот отпад и се разбира она што овие денови е најактуелно односно вклучувањето на ова претпријатие во есенската акција „ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. – рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Заедничкото комунално претпријатие „Пела –Хигиена во моментот работи и на чистење на отворените атмосферски каналчиња на територијата на општина Новаци.

„Го информиравме градоначалникот за нашата досегашна работа и моменталните активности. Една од нив е и чистењето на отворените атмосферски каналчиња, кои во овој период од годината е многу важно да се чисти и проодни со цел да ја собираат водата од врнежите и понатаму од снегот , со цел да се спречи евентуална појава на поплави. Исто така го информиравме за активностите кои ги преземавме во минатиот период околу санација на локалните водоводи и отстранување на постојните дефекти за да можат жителите непречено да се снабдуваат со вода.“ рече директорот на комуналното претпријатие „ Пела Хигиена“ Горан Велјановски.

Преку комуналното претпријатие „ Пела Хигиена“ моментално во општина Новаци се ангажирани 12 сезонски работници кои се грижат за чистотата во општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php