«

»

Nov 16

Општина Новаци и ЦГИ од Прилеп успешни партнери во неколку проекти

Општина Новаци и Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп успешно соработуваат веќе неколку години наназад.ЦГИ веќе 15 години успешно работи на развој на демократијата и граѓанското општество во Македонија, вклучување на граѓаните во едукација и акција заради промовирање позитивни промени во заедницата.

„ Досега сме работеле заеднички на подготовка на неколку апликации на проекти за ИПА фондовите. Успешно го реализиравме проектот „Форуми во заедниците“ кој беше поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и благодарение на тоа го формиравме заедничкото комунално претпријатие „ Пела Хигиена“ на Новаци и Могила.Исто така заедно работевме на проектот од Европската Унија „ Развој на збратимување“.Центарот за граѓанска иницијатива постои веќе 15 години а јас искрено се надевам дека и понатаму успешно ќе опстојува и заеднички ќе реализираме уште многу проекти и обуки.“ вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

ЦГИ интензивно работи на програми за градење на капацитетите за организациите и мрежите на граѓанското општество со цел да придонесе за нивна поголема забележливост, подобрување на организацискиот и институционалниот менаџмент, на пристапот до донатори ,реализација на обуки наменети за различни целни групи, меѓу кои службеници од јавната администрација, градоначалници, организации од граѓанското општество итн.

Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) е непартиска и непрофитна организација формирана во 1997 година во Прилеп.По повод 15 години постоење ЦГИ ќе издаде посебна публикација за досегашните реализирани проекти и своите соработници и партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php