«

»

Nov 15

Теона Манговска одликувана со посебно признание за афирмација на Мариовскиот регион

Градоначалникот Лазар Котевски и додели посебно признание на Теона Манговска за афирмација на Мариово и општина Новаци .Фотографијата насловена како „ Желба за живот“ од мариовското село Будимирци ја освои европската награда за фотографија на конкурсот со тема „Водите и планинските богатства во прекуграничната област“ во рамките на Интеррег програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

„ Имам особена чест да му го доделам ова посебно признание на младата, талентирана и перспектива Теона Манговска заради афирмацијата на општина Новаци и мариовскиот крај кој е анонимен а изобилува со природни и историски богатства.Теона успеа сето тоа да го извади од анонимноста и да ни направи бесплатна промоција“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Теона, фотографијата ја направила на Џип Турнејата која се одржува во Мариово и истата ја испратила на конкурсот на кој учество зеле повеќе од 40 натпреварувачи од Македонија и Грција со над 160 фотографии.

„Фотографијата е направена во 2010 година во село Будимирци кое е најживописното но сепак најненаселеното место не само во Република Македонија туку и пошироко во Европа. Конкурсот го видов на интернет и решив да испратам неколку фотографии, и се изненадив кога по неколку недели добив известување дека мојата фотографија е наградена.“ вели средношколката Теона Манговска.

На доделувањето на признанието присуствуваа и децата членови на ликовната секција во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци.

„Оваа награда на Теона ќе биде поттик за членовите на ликовната секција да учествуваат на слични такви конкурси, а со поддршка на општината ќе се вклучиме и во ликовната колонија која ќе се одржи во Мариово при реализацијата на проектот „Жива природа-жива историја“ рече наставникот по ликовно образование Александар Макариовски.

Фотографијата на Теона беше изложена на изложбата со која се одбележа денот на европската територијална соработка на која присуствуваше и евроамбасадорот Аиово Орав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php