«

»

Nov 15

Општина Новаци поддржувач на убавиот пишан збор

Во Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола во присуство на мноштво гости, беше промовирана првата стихозбирка „Лулки од стремеж“ на авторката Елизабета Јончиќ од Новаци. Покровител на книгата е градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„ Чест ми е што сум дел и покровител на еден ваков убав настан, како што е промоцијата на првата книга која носи наслов „Лулки од  стремеж“ на нашата сожителка Елизабета Јончиќ. Морам да признам дека сум пријатно изненаден што во општина Новаци имаме вакви таленти кои своите мисли ги преточиле во убави песни и ги крунисале со една ваква убава книга .Општина Новаци во рамки на своите можности им помага и ќе продолжи да им помага на сите талентирани жители кои ќе сакаат својот талент да го извадат на виделина. И посакувам успех на Елизабета Јончиќ и се надевам дека нема да застани тука и дека нејзиниот творешки опус ќе биде збогатен со уште многу, многу книги во иднина. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот Котевски изрази уверување дека Елизабета Јончиќ ќе биде пример и поттик за другите жители на општина Новаци кои имаат талент да не го кријат туку да го извадат на виделина.

Книгата „Лулки од стремеж“ е само почеток на мноштвото книги кои ќе следат рече младата поетеса Елизабета Јончиќ.

„Немам зборови со кои би ја опишала неизмерната среќа која што денеска ја чувствувам.Би сакала да им се заблагодарам на моето семејство, на сите кои ми помогнаа да го остварам овој мој сон а пред се да изразам голема благодарност до градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски кој ми помогна да ја издадам книгата“ рече авторката Јончиќ.

Книгата песни претходно беше промовирана и во општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php