«

»

Nov 12

Село Далбеговци ќе добие монтажно училиште

13 ученици од прво до петто одделение од село Далбеговци, наставата ќе ја следат во своето родно место по завршувањето со изградбата на монтажното училиште. Бетонското плато на кое ќе биде поставено училиштето е веќе готово а за месец дена се очекува да се започне со монтирањето, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Ние ја завршивме нашата обврска и со наши средства ја изградивме бетонската платформа со сите потребни комунални потреби како што се струја, вода , канализација и сл. За месец дена очекуваме да се започне со монтирањето на училиштето кое е донација од Министерството за образование и наука.“ вели градоначалникот Котевски.

Новото монтажно училиште е одговор на барањето на родителите да се изгради училиште  за да се спречи секојдневното патување на децата по 3 км со секакви временски непогоди .

„Исто така барањето се заснива и на зголемениот број на ученици, а сегашните 13 настава посетуваат во соседното село Дедебалци кое се наоѓа во општина Могила.Според статистичките податоци во учебната 2012/2013 година во далбеговци ќе има 12 ученици кои треба да учат во ова населено место а останатите ученици од 6 до 9 одделение ќе бидат превезувани во новаци со превоз обезбеден од општината со училишно комби и автобус кое ние донација од Владата на РМ“ вели Котевски.

Отворањето на подрачното училиште во с.Далбеговци во општина Новаци ќе помогне за развој на образованието и ќе овозможи да се развие ефективно образование кое ќе располага со механизми за подготовка на младите и возрасните за сите промени и предизвици  со кои ќе се соочат во иднина, со што би се спречила миграцијата од општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php