«

»

Nov 09

Општина Новаци ќе се вклучи на хидросистемот за наводнување на ХМС Стрежево

Започнаа преговорите помеѓу градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претставниците на ХМС Стрежево за приклучување на новачкото поле кон системот за наводнување.

„Ова е наша долгогодишна желба, со чие остварување ќе им се олесни работата на земјоделците, ќе им се зголемат приносите на земјоделските култури а ќе имаат и поголема профитабилност, со цел да  се заменат  бушотините за наводнување кои воедно птретсавуваат поголем трошок, за разлика од наводнувањето  од хидросистемот. Очекуваме да се покријат околу 500 хектари обработлива површина од новачкото поле“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Хидросистемот за наводнување на ХМС Стрежево е донесен до десната страна на река Црна, а во следниот период ќе се вршат анализи и студии за капацитетот и покриеноста на издашноста со целд а се премини река Црна и да се почне со изградба на нова мрежа за наводнување..

„Системот е изграден во  раните осумдесетти години и неопходно е да испитување на  дијаметарот на цевките поради долгогодишната  експлатација од првобитната состојба па токму затоа потребно е да се изврши испитување на капацитетот на системот и дотокот на количеството вода кое е потребно за наводнување во новачкото поле. Затоа најпрво треба да се направи идеен проект – студија со цел да се направат анализи на теренот и да се испита издашноста и површината на мрежата на парцелите кои би се наводнувале“ велат претставниците на ХМС Стрежево.

Стручните лица, претставници од општина Новаци и ХМС Стрежево во најскоро време ќе излезат на терен и ќе започнат со анализа на потребните податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php