«

»

Nov 08

Општина Новаци пилот општина за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Општина Новаци е избраната пилот општина во Пелагонија каде УСАИД ќе започне да го спроведува 12 месечниот проект „За конкурентност во Македонија“ кој е дел од ЕУ ЛЕАДЕР/ЛАГ пристапот кој беше промовиран на Хиподромот „Хрибо“ во с. Крклино. Целта на проектот е развој на земјоделството особено на фармерите со мали бизниси, рече директорот на проектот Карл Ларкинс.

„Станува збор за малку поинаку дизајниран проект за чие спроведување моравме 5 месеци да дејствуваме на терен, да разговараме и дискутираме со инволвираните. Морам да признам дека сум импресиониран од тоа што го видов и слушнав, при што сфативме дека тука можеме да го спроведеме ЛАГ пристапот, односно да ги запознаеме земјоделците дека поголеми резултати може да постигнат доколку настапуваат во групи. Идејата на овој ЛЕАДЕР/ЛАГ процес е да им помогнеме на фармерите заеднички да се здружуваат и да дејствуваат“ рече Карл ларкинс, директор на проектот на УСАИД,

САД го помагаат економскиот развој на Република Македонија континуирано од 1993 година па досега а во тоа ќе продолжат и понатаму, рече заменик шефот на мисијата на САД во РМ, Брајан Агелер.

„Како и тука така и во САД многу ние важен растот на економијата. Затоа сум многу среќен што сум тука да го отворам проектот за развој на мали и средни бисниси, затоа што тие се рбетот на една силна економија. Токму затоа ќе се насочиме кон развивање на земјоделството во Пелагонија и ќе настојуваме да отвориме нови работни места.“ рече заменик шефот на мисијата на САД во РМ, Брајан Агелер.

Оваа Влада силно го поддржува агросекторот, потврда за тоа се 700 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците кои ќе им се исплаќаат во наредните 5 години, рече заменик миникстерот за ЗШВ, Зоран Коњановски.

„Мило ми е што проектот ќе се реализира во овој регион.Сите заедно треба да работиме на повлекување на средства од ЕУ фондовите. На тој начин ќе ја спречиме миграцијата село-град. Почнувањето бизнис има многу предности, затоа ќе ја има нашата поддршка но и поддршката на УСАИД“ рече заменик миникстерот за ЗШВ, Зоран Коњановски.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски е горд што токму неговата општина е избрана за пилот општина каде ќе се спроведува проектот.

„Ќе се направи избор на еден индивидуален земјоделец каде ќе се настојува да се зголеми производството на индустриски домат со воведување на нови технологии и следење на современите земјоделски протоколи. Тоа им е потребно на нашите земјоделци со цел да ги зголемат нивните приноси, профитабилноста но секако им е потребен сигурен пласман на своето производство“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Предизвикот за спроведување на овој проект доаѓа од недостатокот на свесност кај руралното население за користа од ЛЕАДЕР пристапот, рече директорката на ЦРППР, Емилија Ѓероска.

„Клучен збор во реализацијата на овој проект е партнерството кое ќе го изградиме со сите оние кои се вклучени во проектот“рече директорката на ЦРППР ,Емилија Ѓероска.

Крајна цел на УСАИД проектот е експанзија на малите бизниси во пелагонискиот регион кој ќе придонесе до поголема соработка  меѓу приватниот сектор и институциите на локалната власт  во функција на економскиот развој со фокус на земјоделството, руралниот туризам и лесната индустрија.

УСАИД проектот за експанзија на мали бизниси во пелагонискиот регион чија цел е да се мотивира соработката меѓу приватниот сектор и институциите на локалните власти во функција на економскиот развој со фокус на земјоделството, руралниот туризам и лесната индустрија.

   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php