«

»

Nov 06

Општина Новаци со отчет за сработеното

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски даде јавен отчет за сработеното во вториот мандат за периодот 2009-2012.Главниот акцент беше ставен на подобрување на инфраструктурата, водоводните и канализационите системи, локалниот економски развој и меѓународната соработка, нагласи градоначалникот.

„Полека но сигурно стануваме урбана и препознатлива општина во која запреа миграционите процеси село-град и каде се повеќе млади брачни двојки се одлучуваат да живеат и да ги изучуваат своите деца во нашата општина за што ги обновивме старите а отворивме и нови училишта.Реконструирани се училиштата во селата Рапеш, Бач, Гермијан, Живојно и Рибарци , започната е изградбата на училишна спортска сала во  Новаци,  изградени се 4 ракометни игралишта и детски забавни паркови“ рече Котевски.

Сакаме на нашите жители да им го олесниме животот во секој поглед, па така имавме рекордна година во асфалтирање на патишта, рече градоначалникот.

„Асфалтиравме околу 20 км патишта,направивме тампонирање и пробивање на нови патни правци, изградени се пешачки мостови, направени се два патни правци во должина од 7 км Долно Орехово-Новаци-Рибарци,а во план сме да реализираме уште пет локални патишта Е112, ЕР 509 Мегленци 2,5 км,Мегленци-Арматуш 6км, Старавина-Зовиќ 6 км. Направиме партерни уредувања во неколку села, исчистено, бетонирано и уредено е дното на 10 тиот канал,поставивме автобуски постојки во Новаци и Добромири, помагаме во црквите и манастирите со кои изобилува нашата општина,изградена е канализациона мрежа во село Новаци која ја сметаме за капитална инвестиција а во следниот период ќе изградиме и пречистителна станица.Наша стратегија е во секое село да донесиме исправна и чиста вода за пиење односно да ги приклучиме кон водоводен систем, а можеме да се пофалиме дека во голем дел тоа е исполнето.“ рече Котевски.

Општина Новаци му придава големо значење и на локалниот економски развој но и на меѓународната соработка.

 „На наша територија има многу сончеви денови па имаме голем интерес за инвестирање во доменот на производство на електрична енергија од обновливи извори. Веќе имаме изградено една фотоволтаична централа во село Гермијан а се надеваме дека во најскоро време ќе профункционира и долгонајавуваната инвестиција на Зегин Скопје за изградба на фабрика за етерични масла и лековити растенија. Веќе е при крај изградбата на првата бензиска станица која е приватна инвестиција а ќе се градат и две мали хидроцентрали на река Коњарка и во село Скочивир. Во следниот период посебно внимание ќе посветиме на меѓународната соработка со Црна Гора, Хрватска и Словенија, додека со општина Алмопиа од соседна Грција ќе го реализираме проектот „ Жива историја – жива природа“ за што добивме европски средства од програмите за прекугранична соработка меѓу Р Македонија и Р Грција, а со поддршка на домашни и странски експерти од Грција го реализираме и проектот „Пренос на знаење за централно греење на Битола и Новаци-ТЕЛЕТЕРМ. На ова поле Општина Новаци е потенцијален кандидат  за добивање на средства  за прекугранична сортаботка  со Грција за уште еден проект „Прекугранична заштита на животната средина преку соработка во делот на менаџирање на отпад.рече Котевски.

 Јавниот отчет за сработеното и веќе испечатен и достапен на веб страната на општината, а истиот ќе биде дистрибуиран до жителите на локалната самоуправа како и до партнерските организации со кои соработува општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php