«

»

Nov 05

Детски театар во општина Новаци

Општина Новаци беше домаќин на детскиот театар БАБЕЦ од Битола чии членови ја изведоа детската претставата „ Пријателство“ за дечињата од 7-те училишта и игротеката БАМБИ.

„Најголемо задоволство ми причинува што моите најмлади жители денес ќе можат да уживаат во детската претсава, ќе се дружат меѓусебе и ќе склопат нови пријателства. Уште посреќен сум заради фактот дека на најмладите им овозможивме да гледаат театарска претстава која ретко се случува во руралните средини, што им овозможивме можеби да го направат првиот допир со театарската уметност. Иако ова е прв пат Детскиот тетар да учествува и да биди гостин во нашата општина, ветувам дека нема да биде последен, дека отсега понатаму ќе правиме уште вакви манифестации, и тоа не само за најмладите , туку и за повозрасната популација на општина Новаци. Општина Новаци посветува големо внимание на најмладите жители, ние интензивно ги помагаме училишта во нашата општина, ги реновиравме скоро сите подрачни училишта и игротеката Бамби, обезбедивме нови печки за подобро издржување на екстремната зима  и за создавање на попријатна атмосфера за работа, отворивме училиште во с.Рапеш за 5 те деца кои претставуваат гордост на општината  бидеќи значат  заживување на мариовскиот крај а тоа е една од нашите основни цели и приоритет, започнавме со изградба на монтажно училиште во с.Долгобевци за кое ни помогна Министерството за образование,изградивме ракометни и фудбалски игралишта скоро во секое село со цел да придонесиме за правилен раст и развој на нашите младина, за таа цел во изградба е  и тениското игралиште во с.Добромири. Продолжуваме со истото темпо и во наредниот периот се со цел да им овозможиме на нашите жители исти услови за живот како и во градските општини.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Се радувам што гледа толкава голема масовност истакна, директорката на ЦРППР, Емилија Ѓероска

„Многу ми е мило што оваа наша активност е добро прифатена и наиде на толкава голема заинтересираност и масовнос.Се надевам дека и догодина повторно ќе се дружиме во рамките на овие регионални денови на културата“ рече директорката на ЦРППР, Емилија Ѓероска .

Активноста ја организира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, Министерството за култура и НУ Центар за култура Битола во рамкиите на Регионалните денови на културата 2012.

   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php