«

»

Nov 01

Новаци пилот општина за проектот на УСАИД за конкурентност во Македонија

Општина Новаци ќе биде пилот општина каде ќе се спроведе проектот на УСАИД „За конкурентност во Македонија“ . Ќе се направи избор на еден индивидуален земјоделец каде ќе се настојува да се зголеми производството на индустрискиот домат со воведување на нови технологии и следење на современи земјоделски протоколи.

„Ќе се одбере еден индивидуален земјоделец кој веќе одгледува индустриски домат, ќе се спроведе системот за наводнување „капка по капка“ и ќе се работи според современи начини и земјоделски протоколи. На крајот од бербата на индустриските домати се очекува зголемување на родот за 80-120% наместо претходните 20-40 тони по хектар“, вели Мирјана Македонска, технички менаџер на проектот за експанзија на мали бизниси.

По спроведувањето на пилот проектот и промоцијата на постигнатите резултати очекува масовна прифатеност на начинот на работа од страна на другите земјоделци, вели директорот на проектот Карл Ларкинс.

„Целта на проектот е земјоделците да ги увидат резултатите и благодетите од примената на современите змејоделски протоколи и техники и тоа да биде прифатено од страна на сите земјоделци кои се занимаваат со одгледување на индустрискиот домат како земјоделска култура. Исто така треба да се напомене дека пласманот на проиводството од овој проект ќе биде обезбеден, така што Конзервната фабрика од Битола ќе го откупи целото произведено количество индустриски домат“ вели директорот на проектот Карл Ларкинс.

На денешната средба со делегацијата од УСАИД, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски ги посочи капацитетите и ресурсите со кои располага оваа област.

„Многу ме радува фактот што општина Новаци се покажа интересна за реализација, спроведување и имлементирање на разни проекти од различни сфери, еден од нив е и овој кој ја фаворизира експанзијата на малите бисниси. Нашата општина е рурална општина каде поголемиот дел од населението се занимава со земјоделство , па доколку овој проект даде очекувани резултати ќе имаме големи придобивки,  дотолку повеќе што знаеме дека на секој земјоделец најголем проблем му претставува пласманот на неговото производство“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Официјалното отворање на проектот за ескпанзија на мали бизниси и Пелагонија ЛЕАДЕР проектот ќе биде на 7 ноември на Хиподромот Хрибо во с.Крклино со почеток во 12 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php