Monthly Archive: November 2012

Nov 28

Министерството за одбрана ќе му предаде свој објект на општина Новаци

Со одлука на Влада на РМ од 20.10.2012 година денеска претставници од Министерството за одбрана на Република Македонија на градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски ќе му ја предадат во трајно владение зградата во село Скочивир, која досега беше нивна сопственост. Станува збор за објект  кој се наоѓа во месноста викана Момоки, со вкупна површина …

Continue reading »

Nov 27

Градоначалникот Котевски домаќин на амбасадорот и конзулот на Р.Унгарија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се покажа како гостопримлив домаќин и достојно ја пречека унгарската делегација составена од  амбасадорот на Република Унгарија Јозеф Бенце, првиот конзул на Р.Унгарија Матјуш Шандор и почесниот конзул на Р.Унгарија во Битола Сашо Јанакиевски.  

Nov 27

Изложба на фотографии за животот на Евреите од Централна Европа

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски присуствуваше на изложбата на фотографии „Меморија за Евреите“, првиот културен проект на новоотворениот унгарски конзулат. Целта на изложбата е преку фотографии да се прикаже животната приказна и секојдневието на Евреите од Централна Европа.

Nov 27

Инфо ден за спроведување и воведување на ЕУ Леадер пристапот во Пелагонискиот регион

Сместувачки капацитети во Мариово, Центар за обука на земјоделци, Дневен центар за грижа на стари лица, Обуки за земјоделците, Откупни центри за земјоделски производи се само дел од идеите за проекти кои беа споменати на Инфо денот за спроведување и воведување на ЕУ Леадер пристапот во Пелагонискиот регион а со кои би се аплицирало за …

Continue reading »

Nov 27

Новаци наскоро ќе ја добие првата бензиска пумпа

Општина Новаци конечно ќе ја добие првата бензиска пумпа на своја територија, објект кој по изградбата ќе биде од голема корист за мештаните на  општината, кои за точење гориво за возилата и земјоделската механизација се принудени  да одат  до Битола.

Nov 26

Втора студиска посета на грчките партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ

На 29 и 30 ноември ќе се реализира втората студиска посета од проектот за спроведување на паарно греење во Новаци и Битола.Дел од администрацијата на овие две општини, стручни лица од Техничкиот факултет Битола и проект менаџерите ќе остварат посета на грчката топлификација ДЕТЕПА  и термоцентралата во Аминтео, Р.Грција.Во рамките на посетата ќе се разменуваат …

Continue reading »

Nov 24

ЦОУ “Славко Лумбарковски” од Новаци пилот училиште за електронско екстерно училиште

Централното основно училиште „ Славко Лумбарковски“ од с.Новаци е избрано за пилот училиште каде во текот на месец декември оваа година Државниот испитен центар во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација на РМ, ќе организира и спроведе електронско-екстерно тестирање.

Nov 24

Се унапредуваат условите за предшколско воспитување и едукација на децата во општина Новаци

Децата на претшколска возраст во општина Новаци го посетуваат Центарот за ран детски развој „Бамби“ каде се стекнуваат со првите знаења, се социјализираат и имаат можност низ игра и дружење со своите врсници , да научат многу нови работи и да ја задоволат детската љубопитност. Сепак, општина Новаци прави напори да прерасне во вистинска градинка, …

Continue reading »

Nov 22

Транспарентни Локални Избори 2013

Претставници на невладиниот сектор денеска на средба со градоначалникот Лазар Котевски.Се разговараше за начинот на спроведување на локалните избори, нивната транспарентност и објавувањето на изборната програма на кандидатот за градоначалник на Локалните избори 2013 во општина Новаци.

Nov 22

Општина Новаци започна со поставување на новите тротоари

Општина Новаци продолжува со градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура на нејзина територија. Деновиве се започна со поставување на новите тротоари во должина од 1 километар во с.Новаци.

Older posts «

css.php