«

»

Oct 31

Бесплатни патики за учениците во новоотвореното училиште во с.Рапеш

Општина Новаци и ШИК Комерц обезбедија бесплатни патики за седумте учениците од новоотвореното училиште во мариовското село Рапеш и за две деца кои се социјални случаи од с. Новаци.

„Општината и понатаму ќе се труди да им помага на овие дечиња иако со вакви скромни поклони, кои сега редовно посетуваат настава , имаат желба да учат и тоа е многу радосен факт. Исто така се потрудивме топли обувки за претстојната зима да добијат и две дечиња братчиња,  кои настава посетуваат  во ОУ „ Славко Лумбарковски “ во с. Новаци а се социјални случаи.“ рече градоначалниот на општина Новаци Лазар Котевски.

Голема благодарност за покажаниот интерес за дечињата и училиштето изрази наставничката во Рапеш, Анета Соклевска.

„ Денес во училиштето во с.Рапеш добивме донација патики за дечињата.Ние сите сме многу благодарни за покажаниот интерес и за укажаната помош“ рече Соклевска.

Општина Новаци и понатаму ќе продолжи со хуманите активности а радува фактот што започна да се зголемува и бројот на фирмите кои покажуваат општествена одговорност и чувствуваат обврска за да им помагаат на пошироката заедница.

      

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php