«

»

Oct 31

“Бамби” ја посетија членовите од собраниската работна група за правата на децата

Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци беше домаќин на работната група за правата на децата која е фромирана во рамките на собраниската комисија за труд и социјална политика и во која членуваат пратеници на различни политички партии како и претставници од Канцеларијата на УНИЦЕФ.

„ Сите деца треба да ги имаат истите можности и услови за развој без разлика дали живеат во рурална средина како што е вашата општина или пак се од град. Од она што го видов тука можам да кажам само пофални зборови за покажаниот интерес и грижа за најмалата популација.“ рече Цветанка Ивановска, пратеничка од СДСМ , член на работната група за правата на децата при собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Членовите од собраниската работна група за правата на децата се интересираа за се што е поврзано со работата и функционирањето на Центарот , вели едукаторот Николина Лозановска.

„ Поставуваа многу прашања за начинот на работа, за почетоците , колку деца поминале низ Центарот за едукативен развој во изминатите 8 години, кои се едукаторите , какво е нивното образование и искуство, програмата по која се работи, стручното усовршување на едукаторите и слично“ вели едукаторот во Центарот „ Бамби“ ,Николина Лозановска.

По посетата на „ Бамби“ членовите на работната група остварија средба со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, кој ги информираше за сите проекти, активности ,несебичната поддршка и залагање на општината со цел да им се овозможи непрекинато работење на Центарот.

„Општината и надвор од границите на  своите можности се труди на најмалата популација да им обезбеди соодветни услови за стимулирање на нивниот развој, што всушност претставува  наш приоритет.Ова е еден вид наш влог за нивна подобра иднина. Мојата желба е децата од општина Новаци да можат да се соочат со сите предизвици со кои ќе се сретнат кога ќе излезат од границите на нашата општина во руралните центри.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Целта на посетата на членовите од собраниската работна група за правата на децата е запознавање со активностите и предизвиците со кои се соочува Центарот за ран детски развој непосредно пред собраниското разгледување на измените на Законот за заштита на децата, кој треба да овозможи воведување на Центрите како алтернатива на градинките во руралните средини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php