«

»

Oct 30

Чистење и уредување на 10-от канал во општина Новаци

Како и секоја есен така и оваа Општина Новаци започна акција за чистење на еден од најважните канали на чие чистење и одржување општината посветува најголемо внимание , а тоа е 10-тиот канал, вели градоначалникот Лазар Котевски.

„ Во тек е редовната акција за  чистење на 10 тиот канал кој е веќе бетониран но се врши и добетонирање од мостот  кон с.Добромири во должина од 50 метри, се врши и чистење на каналот во должина од 500 метри и уредување на кејот на каналот “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во претходниот период општина Новаци ги исчисти и уреди и другите канали во кои минуваат кај селата:Рибарци, Новаци, Добромири, Горно и Долно Агларци. Исто така беше исчистен и уреден каналот кој врви низ селото Гермијан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php