«

»

Oct 29

Работилница на тема “Енергетска база на податоци” во рамките на проектот ТЕЛЕТЕРМ

Општина Новаци беше домаќин на работилницата во чии рамки се презентираше начинот на кој ќе се формира енергетска база на податоци од проектот ТЕЛЕТЕРМ и направената стручна споредба помеѓу топлификациониот систем во Аминдео и оној кој треба да се спроведе кај нас.

Енергетската база на податоци ќе биде достапна на веб страна која ќе биде динамична и ќе содржи многу податоци и информации кои ќе се користат при понатамошната изработка на техничките студии, а ќе содржи и алтернативни решенија и сценарија.

„Веб порталот ќе одговори на многу прашања, на пример зошто се спроведува и  зошто ЕУ преку ИНТЕРЕГ програмата ќе го финансира овој проект,кој е целниот регион и слично.Исто така ќе има информации за изворите на енергија, за расположливите начини на греење со направена споредба на трошоците, евалуација на енергетските ресурси за наредните 5, 10 или 20 години, ИТ поврзувачка платформа, линкови за споредба, форуми, блогови, вести и друго“ рече проф.д-р Игор Неделковски од Техничкиот факултет Битола.

Професор д-р Злате Анѓелевски направи стручна презентација за начинот на кој е направен топлификациониот систем во Грција и оној кој допрва ќе треба да се спроведе во Р.Македонија.Посочи дека кај нас ќе имаме пониска цена на топлинската енергија за 25 %.

„За греење на населението во Битола и Новаци ќе биде потребно 250-350 илјади мегават часови при што можеме да констатираме дека кај нас имаме поповолна ситуација затоа што трошоците по единица инсталирана моќ ќе бидат помали . Во термоцентралата во Аминдео има две поделби на високо и ниско притисна турбина а кај нас таа поделба е направена на 3 дела.Грците користат скапа пареа а кај нас ќе користиме топлинска енергија по пониска цена , во Грција жителите плаќаат 45 евра за мегават час додека ние очекуваме да плаќаме цена кое ќе биде пониска за 25 %. “ рече проф.д-р Злате Анѓелевски од Техничкиот факултет Битола.

Присутните на работилницата имаа можност да ја погледнат видео презентацијата за досегашните активности од проектот ТЕЛЕТЕРМ , да поставуваат праашња но и да разменуваат искуства и знаења.

  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php