«

»

Oct 26

Општините Новаци и Дуги Рат ќе соработуваат на европски проекти

Заедничка соработка на проекти со кои ќе се аплицира за искористување на европските фондови и можност за збратимување во иднина се темите на кои се разговараше на средбата помеѓу градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски и градоначалникот на хрватската приморска општина Дуги Рат, Јерко Роглиќ.

„Ние имаме културна соработка со КУД Илинден, па на некој начин се споивме со градоначалникот на општина Новаци, за да пробаме да ја прошириме нашата соработка и на други полиња. На пример во европските фондови да пробаме заеднички да аплицираме за средства. Па нашите први контакти се такви најпрво да ја направиме оваа соработка а потоа можеме и да размислуваме за збратимување. Најпрво да извлечиме пари од овие фондови и да воспоставиме поблиска соработка, да дојде градоначалникот на посета кај нас, а после ќе следи и збратимување, но најпрво да ги подготвиме жителите на двете општини за тоа“ рече градоначалникот на хрватската општина Дуги Рат, Јерко Роглиќ.

Градоначалникот Котевски го запозна хрватскиот колега со можностите кои ги нуди општина Новаци, со капацитетитесо  кои располага и условите за соработка.

„ Добро е што имаме гости од странство, поточно од општината Дуги Рат од Хрватска и на денешната средба разговаравме за воспоставување на соработка во делот на културата , спортот но и аплицирањето со проекти во ЕУ фондовите. Начелно се договоривме во кои делови да соработуваме, ваквата иницијатива општината ќе ја продолжи и посебно не радува оваа соработка бидејќи досега немаме ваква општина со која сме соработувале. Соработката се воспостави благодарение на хрватскиот конзул во РМ, Бранко Маретиќ. Во меѓусебните разговори се запознавме со капацитетите на двете општини и ги одредивме полињата за соработка“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Двата градоначалници си разменија подароци и промотивни материјали од двете општини.

      

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php