«

»

Oct 24

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во Пелагонискиот регион во општина Новаци

Работилница за воведувањето на ЕУ ЛИДЕР пристапот во пелагонискиот регион се одржа денеска во општина Новаци.Крајна цел на овој проект е придонес во развојот на руралните средини во Пелагонискиот регион и намалување на диспаритетите внатре во регионот.Станува збор за четиригодишен проект на УСАИД за ескпанзија на мали бизниси , кој е имплементиран од КАРАНА Корпорацијата а има за цел да го поттикне регионалениот и локалниот економски развој во рамките на претходно селектираните региони во Македонија.Фокусот ќе биде ставен првенствено на пелагонискиот и полошкиот регион.

„ Проектот работи со микро , мали и средни претпријатија од различни сектори, идентификувани според пазарните можности.Ги поврзува бизнисите , локалната самоуправа и консултантите со можности за финансирање со цел да се постигнат заеднички решенија. Општата цел на проектот е преку иницијативи, акции и модели за соработка со приватниот сектор и локалната самоуправа , да помогне во создавање на нови работни места и економски раст на регионално ниво .“ вели Владимир Величковски координатор на проектот од ЦРППР.

Со проектот ќе се настојува да се надмине недостатокот на свесност и капацитети кај руралното население за користа и спроведувањето на пристапот ЛЕАДЕР, да се воспостави соработка помеѓу заинтересираните страни на локално и регионално ниво и да се надмине недостатокот на вештини за подготовка и спроведување на стратегии за рурален развој.

„Ние како општина ги поддржуваме ваквите проекти бидејќи тие значат едуцирање на земјоделците за нивно вклучување во барањето и аплицирањето со проекти за добивање на средства од ЕУ фондовите. Сеуште оди потешко анимирањето и привлекувањето на земјоделците но мислам дека ќе успееме во тоа.  “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

ЕУ ЛИДЕР пристапот се состои од 3 компоненти :Свесност и знаење за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, спроведување на пристапот и поддршка на соработката помеѓу ЛАГ-овите на регионално, национално и мешународно ниво, велат од АПРЗ.

Проектот ЕУ ЛИДЕР го спроведува УСАИД, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php