«

»

Oct 19

Општина Новаци ќе се вклучи во есенската акција “Ден на дрвото – засади ја твојата иднина” 2012

Како и секоја така и оваа година,  општина Новаци активно ќе се вклучи во есенската акција „ Ден на дрвото-засади ја твојата иднина“.

Ги известуваме сите граѓани кои се слободни и сакаат да се вклучат во оваа акција дека пошумувањето ќе се врши на следните:

  • ДОУ„Славко Лумбарковски“ во селата Новаци, Добромири и Бач
  • Регионалните патишта : Новаци-Добрушево, Новаци-Маково и Новаци –Брод.
  • Низ поголемите населени места во општина Новаци

И оваа година ќе се засадуваат: бела бреза, јасен, див или питом костен и бор.

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорор на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов поттикна проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

Сите акции се безрезервно поддржани од Владата на РМ со сите надлежни министерства, ЗЕЛС со општините и ЈП „ Македонски шуми“.

Во 2008 година беа засадени 2560 хектари, во 2009 година нови 3 915 хектари, 2010 година 2017 хектари и во 2011 година околу 2000 садници.Дополнително преку редовната програма за проширена репродукција на шумите во периодот 2006-2010 година беа засадени вкупно 3000 чектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php