«

»

Oct 17

Студиска посета на грчки партнери во проектот ТЕЛЕТЕРМ

Се реализираше студиската посета од проектот за спроведување на парно греење во Новаци и Битола. На 15 и 16 октомври дел од администрацијата на овие две општини, стручни лица од Техничкиот факултет Битола и проект менаџерите остварија посета на грчката топлификација ДЕТЕПА  и термоцентралата во Аминтео, Р.Грција. Во рамките на посетата се разменуваа искуства, се црпеа знаења и мислења.

ДЕТЕПА е општинска компанија за централно греење на поширокиот регион на Аминтео. Оваа компанија започна со работа и искористување на топлинската енергија за централно греење во Аминтео, Филотас и Левија во 2004 година. Спроведениот систем обезбедува и дистрибуира топлинска енергија од локалната термоцентрала до станбените, комерцијалните и индустриските потрошувачи.

ТЕЛЕТЕРМ е комплексен проект кој комбинира различни активности за пренос на знаење за централно греење на општините Битола и Новаци. Со реализацијата на овој проект ќе се помогне при размената на знаење за спроведување на централно греење во Битола и Новаци.

ТЕЛЕТЕРМ е проект од големо значење за рационална употреба и заштеда на енергија. Истиот ќе придонесе за редуцирање на штетните гасови во регионот и ќе има позитивен ефект врз локалната економија. Проектот за топлифицирање на регионот со топлинска енергија од термоцентралата РЕК Битола датира уште од нејзината изградба. Се очекува со реализацијата на проектот ТЕЛЕТЕРМ да се создадат услови за побрза изградба на системот за искористување на топлинската енергија од РЕК. Како дополнителен бенефит и добивка се очекува да биде можноста за изградба на оранжерии, бидејќи се очекува трасата на топловодот  да врви низ плодното пелагониско земјиште.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php