«

»

Oct 12

Одбележан Денот на востанието 11 – ти Октомври во ОУ “Славко Лумбарковски”, Новаци

Учениците од прво до четврто одделение со пригодна приредба и положување на свежо цвеќе пред споменикот на Славко Лумбарковски во с.Новаци го одбележаа Денот на востанието 11 октомври. Ова е само еден од начините преку одбележување на значајните датуми да научат нешто повеќе за македонската историја.

11 октомври е ден на македонската историја кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да верува во себе.

Празникот се прославува не само во Република Македонија туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. По тој повод на овој голем празник традиционално се доделуваат наградите 11–ти октомври за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности.

    

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php