«

»

Oct 12

Нови мерки на Владата во корист на руралните средини и земјоделците

Владата спроведува нова акција за изградба на локални патишта во должина не поголема од еден километар, изградба на патишта за пристап до земјоделско земјиште, изградба на селски мостови и останати потреби во корист на руралните општини. Исто така ќе се прави уредување на централните делови на селата и облагородување на јавниот простор.

Согласно потпишаните договори меѓу Владата, општините и изведувачите, општините имаат за задача да ја подмират инвестицијата комплетно во првата фаза а потоа во определена постапка согласно законот да бараат рефундирање на средствата коишто ќе бидат ангажирани за реализација на овие инвестиции. Станува збор за вкупно 40 инвестиции коишто се реализираат во 32 македонски села.

Како резултат на светската економска криза голем дел од општините заради немање финансиски средства, не беа во можност да ги реализираат или да продолжат со реализација, со што беа доведени во опасност самите проекти. Со цел продолжување на овие започнати инвестициски проекти, Владата на РМ одлучи да го преземе реализирањето на инвестициите уште од раната фаза на реализација. Со тоа на општините им останува да го реализираат само својот дел од учеството во инвестицијата кој што за некои проекти изнесува 30-тина проценти а за најголем дел од проектите изнесува 10-20%. Некои од проектите на општините пак ќе бидат финансирани сто посто.

Агенцијата за поддршка на развој на земјоделството ќе склучи анекси на договорите со самите општини каде ќе биде предвидено дека таа ќе го презема инвестирањето на проектите уште во нивната рана фаза. За реализација на 40 видови проекти во 32 села, од програмата за рурален развој ќе бидат наменети сто милиони денари. Исто така во насока на поддршка на развојот на македонските села и руралниот развој како и развој на регионите со специфични потреби Владата одлучила да ангажира дополнителни 20 милиони денари наменети за кофинансирање на останатите триесеттина проекти во други села коишто се однесуваат на изградба на краци од водоводнста и канализационата мрежа, изработка на проекти и проектна документација, изработка на колектори и останати потреби што ги предвидуваат самите општини, а Владата преку ангажирање на финансиски средства ја помага нивната реализација.

Исто така во следните 3 месеци, тимови од Министерството за земјоделство и АПРЗ ќе посетат најмалку 250 македонски села, а во периодот од јануари до март 2013 – тата година ќе бидат посетени уште 250 македонски села. Тимовите се составени од стручни профили на лица од областа на земјоделството, кои во контакт со земјоделците ќе се запознаат со проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат секојдневно, зашто ќе имаат обврска еднаш месечно да ја известуваат Владата за најгорлиците предизвици и проблеми.врз основа на ова Владата еднаш месечно ќе одлучува за начините на надминување на овие потешкотии. Посебен акцент при овие посети ќе биде ставен врз активностите за легализација на земјоделското земјиште и легализација на земјоделската механизација. Постапките за легализација во овие процеси треба да завршат најдоцна до август 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php