«

»

Oct 10

Едукативно предавање за глаукомот по повод светскиот ден на видот

Со едукативно предавање за очните болести, Општина Новаци се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на видот кој секоја година се одбележува во вториот четврток од месец октомври со намера да се предупреди на проблемите кои ги имаат слепите и лицата со оштетен вид, со цел да се допринесе за решавање на глобалниот и здравствен проблем. Во просториите на општината доктори и офталмолог ги едуцираа административците за очните болести, нивното препознавање, превентива и лечење.

„ Со ова едукативно предавање кое денеска во нашите простории го реализираат докторите од Клиничката болница од Битола и членовите на Лајонс клубот сакаме да повлијаеме на подигнување на свеста за очните болести, нивно превенирање и евентуално лечење.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

 

Според Светската здравствена организација, 80% од болестите на очите можат да се спречат. Вкупно 4% од светската популација е слепа или има оштетен вид, а водечките предизвикувачи на слепилото е глаукомот. Тој претставува хронична болест на очниот нерв кој доколку не се лечи може да доведе до потполно губење на видот. Оваа е особено опасна болест бидејќи на почетокот се развива бавно и незабележливо, па затоа е препорачливо после четириесеттата година од животот, да се прави редовна контрола на очите. Според податоците со кои располага СЗО преку 300 милиони луѓе во светот патат од слабовидност или слепило. Од нив 145 милиони луѓе боледуваат од далекувуидност, кратковидност или астигматизам а во повеќето случаеви видот може да се подобри со носење на очила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php