«

»

Oct 09

Општина Новаци се вклучи кон акцијата “Македонија без отпад”

Со чистење на централното подрачје и улиците во с.Новаци како и дворовите на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ и двете подрачни училишта во Бач и Добромири, општина Новаци се вклучи во реализирањето на проектот „Македонија без отпад 2012“. Акцијата е целосно поддржана од Владата на РМ, МОН, повеќе владини и невладини организации.

Проектот за прв пат започна да се спроведува оваа пролет и наиде на голема поддршка, на која присуствуваше Европска делегација заедно со Евроамбасадорот и неговите колеги од Словенија, Холандија и Шведска.

Акцијата наиде на масовност во која се вклучија еколошките секции на училиштата, бројни жители на општината и ЗЈКП „Пела – Хигиена“ кое веднаш го собираше и го транспортираше собраниот комунален отпад.

Спроведените актинвости во рамките на еколошкиот проект„Македонија без отпад 2012“ можат да се следат на веб страната www.ajdemakedonija.mk.

Освен Република Македонија акцијата се спроведува и во 85 држави во светот и истата официјално е поддржана од Европскиот Парламент.

Со реализацијата на проектот „Македонија без отпад 2012“, нашата држава влегува во глобалната статистичка дата база за придобивките на мобилизирањето на јавноста за отстранување на отпадот во еден ден .Со излезеноста на граѓаните од нашата земја од само 5% ќе се создадат услови за подобро управување со отпадот, достапност и лесно преземање на добри практики од соседните земји од светот, како и зголемена свесност за вистинските вредности на отпадот како збир на ресурси и нивно понатамошно процесуирање  односно повторна употреба, рециклажа, намалување на отпадот и слично. На овој начин во Македонија би се создала клима за преод кон т.н Нулта отпад стратегија, која подразбира скоро целосно искористување на она што се отфрла и негово враќање во системот на употреба.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php