«

»

Oct 04

Општина Новаци се вклучува кон акцијата “Македонија без отпад 2012”

Централниот настан чистење на расфрланиот комунален отпад ќе се одржи на 06.10.2012. од 09:00 – 13:00 часот, на следните локации:

–       Училишните дворови на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во с. Новаци и подрачните училишта во с. Бач и с. Добромири

–       Просторот зад училишниот двор на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во с. Новаци

–       Централниот дел на с. Новаци

Се повикуваат сите граѓани, граѓански организации и компании да ни се придружат во реализацијата на предвидените активности, но и да предложат, регистрираат и спроведат активности со истата цел.

Регистрацијата на активностите може да ја извршите на веб-страната www.ajdemakedonija.mk.

Напомена: Собраниот отпад веднаш по акцијата ќе биде подигнат и транспортиран од страна на ЗЈКП „Пела – Хигиена“ – с. Добрушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php