«

»

Oct 03

Започна волонтерската работа на шестмина во општина Новаци

Согласно програмата за волонтерство за 2012 година на општина Новаци, шестмината најпогодни кои беа избрани од вкупно девет кои беа пријавени на јавниот повик, започнаа да се стекнуваат со своето прво работно искуство како државни службеници .

„Согласно препораките на Владата на РМ, објавивме јавен повик за ангажирање на волонтери на кој се пријавија 9 лица од кои комисијата ги избра најдобрите 6 при што беше составена ранг листата. Услов беше тие да имаат завршено средно или високо образование од областа на техничките, природните или општествените науки, да приложат доказ за завршено образование , кратка биографија и мотивационо писмо. “рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Волонтерскиот ангажман на шестмината ќе им трае 3 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php