«

»

Oct 01

Вонредно прскање од комарци и во општина Новаци

Комисијата за заштита на населението од заразни болести при Министерството за здравство,заради топлото време погодно за размножување на комарците кои се преносители на повеќе заразни болести  меѓу кои и западнонилската треска,  донесе одлука да се преземат вонредни превентивни мерки, односно да се спроведе повторена дезинсекција.

Согласно донесениот план и програма ќе се врши прскање против комарци во целата држава а министерството за здравство ќе врши и ларвицидна и теристичка дезинсекција кај застоените езера, мочуришта, застоени канали и слично.

Една од општините каде повторно ќе се прска против комарци е и пелагониската општина Новаци.

„Во нашата општина има многу застоени канали и води па токму затоа Центарот за јавно здравје од Битола ќе направи повторна дезинсекција, како превентивна мерка против западно нилската треска. Средтвото кое се користи при прскањето не е опасно за луѓето единствено може да им наштети на пчелите, затоа се молат сопствениците да не ги пуштаат пчелите во и по периодот кога се спроведува прскањето. “вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во Македонија досега се регистирани пет заболени од Западен Нил и два смртни случаи. Од Институтот за јавно здравје  велат дека место за паника нема бидејќи располагаат со доволен број тестови за дијагностика, а на Клиниката за инфективни болести  ги има сите лекови потребни за третман на заболените од енцефеалит и менингоенцефалит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php