«

»

Sep 28

Се одржа 54-та седница на Советот на општина Новаци

На  54-тата седница на Советот на општина Новаци, советниците ги усвоија сите 19 точки кои беа ставени на дневниот ред. Најпрво состанокот започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа се пристапи кон гласање според планираниот распоред. Советниците го одобрија планираниот ребаланс на буџетот на општина Новаци, донесоа одлука за пристапување кон изработка на Локална урбанистичко планска документација за изградба на фотоволтаични централи во с.Брод  и изградба на базна станица во с.Живојно.

Се одобри и одлуката за утврдување на приоритет за реализација на Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.

Исто така беа разгледани и усвоени барања од граѓани, месни заедници, општински сојузи, здружение на пензионери, црковни собори, подрачни училишта спортско – рекреативни клубови и слично.

55 тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи следниот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php