«

»

Sep 26

Новаци една од ретките општини кои плаќаaт надоместок за новородено дете

Веќе 6 години редовна практика на општина Новаци со цел поттикнување на наталитетот на нејзината територија , да исплаќа еднократна парична помош во износ од 5000 денари за секое новородено дете.За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчаните, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка.

„Нашата општина има голема територија но за жал е ретко населена. Токму затоа пред 6 години за да го стимулираме порастот на наталитетот решивме за секое живородено дете да доделуваме еднократна парична помош во износ од 5000 денари.Таквата мерка наиде на позитивни реакции и можеме да се пофалиме дека целта ние постигната затоа што бележиме благ пораст на новоредни деца.  “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на РМ со постојано место на живеење во државата, за дете родено во РМ.Висината на еднократната парична помош изнесува 5000 денари.Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија наталитетот постојано опаѓа.Единствено кај Албанците се бележи минимален пораст.Лани во државата биле родени 22 809 деца, а починале 19 513 лица.Проценките се дека Македонија , 2012 година ќе ја заврши со сличен природен прираст како и изминатите години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php