«

»

Sep 25

Со чистење на каналите против поплави

Општина Новаци интензивно работи на чистење на каналите на нејзина територија кои им претставуваат најголем проблем во текот на врнежливите периоди , со цел да превенира појава на поплави на обработливото земјиште.Тендерите за избор на фирми се завршени, изборот е направен а акцијата е започната од 15 август.

„Тоа се инвестиции на општината од средствата од Фондот за фосилни горива кои ги добиваме заради загадувањето на РЕК Битола како процент со што ги покриваме еколошките проекти, како на пример ова чистење на каналите.Битолско поле  нема чистено канали во нашата општина, ова е наша сопствена инвестиција.“- вели градоначалникот на општина Новаци,Лазар  Котевски.

Каналската мрежа во општина Новаци е доста долга а најголем проблем ни претставува каналот Добрушево-Новаци кој изнесува 15 км а е понизок од нивото на река ЦРна и имаме враќање на површинските води назад, вели градоначалникот Котевски.

„Имаме доста канали за чистење, нивната должина изнесува 15-20 км кои скоро секоја година ги чистиме, ама имаме проблем со растенијата и вегетацијата која тука никнува и ги покрива со што протокот се заглавува. Токму затоа ја спроведуваме оваа акција и ги чистиме каналите за да не дојде до поплави како пред 2 години .“- вели градоначалникот на општина Новаци,Лазар  Котевски.

Општина Новаци средствата од Фондот за фосилни горива ги користи и за изградба на партерни уредувања, ракометни игралишта, водопоила детски забавни паркови и слично.

  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php