«

»

Sep 21

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица

Дворот на прекрасниот  пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере сите верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица.Општина Новаци веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот на манастирот. Десеттина работници неуморно работеа, секој ден го чистеа манастирот и го уредуваа дворот за достојно да се прослави овој голем верски христијански празник , вели градоначалникот на општина Новаци, лазар Котевски.

„Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци.Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници. Оваа година тоа е ЈП „ Стрежево“ од Битола. Општината редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите во Пелагонија“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во животот на христијаните ликот на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос, зазема посебно значајно место.Македонскиот народ секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица:Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица и други.Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките и дека им помага на жените кои немаат пород.

      

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php