«

»

Sep 20

Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во с.Добромири

За околу два месеци новачкото село Добромири ќе добие модерно партерно уредување и тениско игралиште со трибини. Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски вели дека за партерното ќе се издвојат нешто повеќе од 2 милиони  денари средства од буџетот.

„ Планираме градежните работи да финишираат за два месеци и партерното уредување и тениското игралиште да им биде ставено во функција на локалните жители. Вакви партерни уредувања и игралишта направивме во многу села а планираме такви да се изградат во сите населени места кои се под наша надлежност и каде има поголем број жители “ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 300 жители на село Добромири.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php