«

»

Sep 14

600 деца од ОУ “Тодор Анѓелевски” на екскурзија во Манастирот во Новаци

Градоначалникот Лазар Котевски им беше домаќин на 600 деца од трето до осмо одделенение од ОУ„ Тодор Анѓелевски“  од Битола кои беа на еднодневна екскурзија во манастирот Мала Богородица во с. Новаци. Дечињата весели и насмеани уживаа во прекрасниот амбиент и убавата природа на единствениот манастир изграден во поле, заради што е и уникатен.

„ Ние сме отворени за секаков вид соработка па така од училиштето Тодор Анѓелевски  од Битола, изразија желба екскурзијата на своите ученици  да ја направат во манастирот, па ние им дозволивме и им го подготвивме теренот. Многу мие мило што нашата општина се повеќе и повеќе е посетена во последно време а особено од  децата.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Викендов општина Новаци беше домаќин на над 500 деца  на возраст до 11 години, учесници на меѓународниот фудбалски турнир „ Пелистер 2011 Куп“ .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php