«

»

Sep 12

203 деца од Новаци ќе уживаат во благодетите на солената соба

203 деца од основното училиште Славко Лумбарковски во општина Новаци ќе имаат можност благодарение на градоначалникот Лазар Котевски да уживаат во благодетите на солената соба Солина во Битола.Денеска им беа поделени бесплатни ваучери.

„Ние се грижиме за здравјето на нашите најмлади жители па токму затоа општината се погрижи да додели ваучери за 203 деца од нашето основно училиште , бесплатно да можат да ја посетат солената соба Солина во Битола, бидејќи знаете дека во нашата општина има големо загадување од РЕК па на некој начин ова ќе им годи за нивното здравје “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Солената соба стана вистински хит во Европа и светот.Јонизираниот воздух кој се наоѓа во солената соба го зголемува капацитетот на кислород во крвта и ја подобрува работата на метаболизмот. Само 45 минути поминати во оваа просторија се еднакви на 5 дена поминати на море, таа е доста корисна за лекување, превенција, релаксација и чување на здравјето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php