«

»

Sep 11

Рекордна година во асфалтирање

Започна големата акција на општина Новаци за асфалтирање на локалните улици на нејзина територија во должина од 4 километри и поставување на тротоари во должина од 1 километар за што ќе се потрошат 1,9 милиони денари. Сите градежни зафати треба да завршат до крајот на ова година вели градоначалникот Лазар Котевски.

„Оваа година скоро ние е рекордна по асфалтирање на улици, скоро 4 км. Конретно две улици од 200 метри асфалтиравме во Далбеговци, 430 метри улици во Горно Агларци како и ракометно игралиште, 250 метри асфалт во село Добромири. Потоа продолжуваме во Новаци каде што треба да асфалтираме околу 700 метри улици, па во Живојно, Бач, Гермијан и Гнеотино“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски

Жителите видно задоволни од активностите на градоначалникот за разубавување на селата и подобрувањето на нивниот живот.

„Ни се асфалтираат улиците, согласно програмата на општината, ни се гради игралиште така што нашето село никогаш не е запоставено од општината“, вели   една жителка на село Добромири.

„Задоволни сме од активностите на градоначалникот бидејќи се што сме побарале досега ни било направено, еве се асфалтираат патчиња, се гради тениско игралиште“ вели  жител на село Добромири.

Паралелно со асфалтирањето се прави и крпење на дупките и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php