«

»

Sep 10

Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци

Фудбалските школи Велес од „Велес “ Р.Македонија и „Кикер“ од Краљево Р.Србија  се двете екипи кои ги освоија пехарите за прво место на меѓународниот турнир во фудбал за пионери генерација 2001-2003 кој викендов се одржа во Новаци. Жителите од општината и јас како градоначалник сме пресреќни што имаме толку многу деца собрани на едно место,  бидејќи нашата општина е голема по територија но ретко населена, затоа и во иднина ќе го поддржуваме овој турнир и со наша помош ќе стане традиционален, рече градоначалникот Лазар Котевски.

„Ваквата иницијатива веднаш ја поддржавме затоа што значи поттикнување на спортот кај младите и многу ме радува што ние сме избрани за домаќини. Имаме покането многу гости како од државата така и од Република Србија и тоа е голема можност за промоција на нашата општина.“- рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На турнирот учество зедоа 32 екипи од 23 фудбалски школи од Македонија и Србија. Градоначалникот Котевски вети дека турнирот ќе стане традиционален и ќе се одржува секоја година за празникот на независноста на РМ – 8 септември.

„Планираме секоја година да го организираме турнирот по повод денот на независноста на Република Македонија – 8 ми септември.Ова ни беше прв пат и еден вид на тест но понатаму уште подобро ќе го организираме и развиваме и ќе поканиме уште повеќе екипи учесници. “рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На дводневниот меѓународниот фудбалски турнир во Новаци „Пелистер 2011 Куп“ беа доделени следните награди:

Во генерација 2003 за најдобар голман беше прогласен Ројчинов Андреј од Металург Скопје, најдобар стрелец Димитровски Никола од Пелистер 2011 од Битола, најдобар играч Маринковиќ Лука од Кикер Краљево, четвртото место го освоија фудбалерите на Фер Плеј од Охрид, трето место Металург Скопје, второ место Пелистер 2011 од Битола а првото место му припадна на Кикер од Краљево, Р.Србија.

Во генерација 2001 за најдобар голман беше прогласен Салиоски Хадис од Евро фудбал од Охрид, најдобар стрелец Арсенов Марко од Фер плеј од Охрид, најдобар играч Давид Астарџиев од ФШ Велес од Велес, четвртото место го освоија фудбалерите на Пелистер 2011 од Битола, трето место Евро Фудбал од Охрид, второ место Фер Плеј од Охрид а првото место му припадна на ФШ Велес од Велес.

                             

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php