«

»

Sep 10

Асфалтиран патот до црквата во с.Далбеговци

По барање на мештаните на селото Далбеговци општина Новаци им го асфалтираше пристапниот пат до црквата Христово Воскресение а пред неколку месеци во оваа црква градоначалникот Лазар Котевски ја освети новата црковна сала за чија изградба донираше средства.

„Општина Новаци се труди да ги задоволи барањата и потребите на своите жители, а едно од тие барање беше да се асфалтира пристапниот пат до црквата Христово Воскресение во село Далбеговци. Јас како прв човек на општината и во иднина ќе донираме во изградба на објекти кои ќе значат подобрување на верскиот живот на населението, бидејќи ние сме христијанско население и жителите имаат потреба од тоа.” – додаде градоначалникот Котевски.
Општина Новаци за изградба на пристапниот пат до црквата во должина од 200 метри потроши  околу 1 милион денари.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php