«

»

Sep 07

Горно Агларци доби ракометно игралиште и детски забавен парк

20 тината деца од селото Горно Агларци ќе уживаат во благодетите на ракометното игралиште и детскиот забавен парк кои беа изградени и пуштени во употреба од страна на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Општина Новаци се грижи за своето население и се залага за подобрување на нивниот живот , токму затоа го изградивме повеќенаменското игралиште за фудбал, кошарка и ракомет како и детскиот парк со лизгалки и нишалки за најмладите, рече градоначалникот Котевски.

„Ние како општина се грижиме за нашите жители на секаква возраст.  Со заложба на општината се направи ова игралиште и овој детски забавен парк.  Вакви игралишта изградивме во Гермијан , Далбеговци и Живојно ” – рече  Лазар Котевски,  градоначалник на Општина Новаци.

„ Ова е многу голема придобивка за жителите на двете села Горно и Долно Агларци  и тоа не само за најмладите туку и за повозрасните жители кои целото слободно време ќе го користат за спорт и рекреација. Секако дека за најмладите лизгалките и нишалките ќе бидат големо доживување “ вели Петковски Александар , жител на с.Горно Агларци.

За изградбата на повеќенаменското игралиште и детскиот забавен парк во Горно Агларци беа потрошени 1 460 000 денари општински пари, додека детскиот забавен парк во  Долно Агларци ја чинеше општината 175 000 денари.

     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php