«

»

Sep 06

Се гради нова брана на река Рапешка

Општина Новаци започна со изградба на брана со испустни канали на река Рапешка која и претходно беше изградена но беше урната од надојдената река.

„ Повторно ќе ја изградиме браната која беше урната на река Рапешка кај мариовското село Рапеш што беше градена со цел на жителите да им се овозможи континуирано напојување на стоката особено во текот на летниот период кога владее суша“ вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Вредноста на проектот изнесува 6,8 милиони денари, средства на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php