«

»

Sep 05

Се одржа спортско рекреативен рибарски натпревар на река Црна

Под покровителство на спортско риболовното друштво „ Барбус“ од Битола, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски  риболов, викендов, на река Црна се одржа натпревар во спортски риболов на кој учество зедоа  многу натпреварувачи од различни риболовни друштва. Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски кој е љубител на спортските активности беше почесен гостин на манифестацијата.

„Јас сум љубител и поборник на спортот и секогаш  колку што е во моја можност несебично се вклучувам во организација и помагање на вакви и слични спортски активности. Денеска се надевам дека сите учесници пред се ќе уживаат во другарувањето и риболовењето а подоцна ќе ги наградите најдобрите“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

На спортско рекреативниот рибарски натпревар на река Црна беа постигнати следните резултати:во екипен пласман трето место ЗСР „Пец-Пец“  од Прилеп, второ место ЗСР „ Оскар “ од Кавадарци а прво место ЗСР „ Бабуна“ од Велес. Во поединечен пласман првото место му припадна на Џампалов Никола, второ место Малинков Кирил а трето место Миров Миланчо.

    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php