«

»

Sep 04

По 20 години повторно се слушна училишното ѕвонче во Рапеш

Благодарение на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски по цели 20 години, петте  деца од село Рапеш  нема секојдневно да патуваат туку своите училишни денови ќе ги минуваат во родното село. Ова е само еден од проектите на општината за заживување на мариовскиот крај.

„Сите досегашни проекти на општината имаа за цел заживување и враќање на младите во мариовскиот крај. Од оваа година тоа е за чекор променето па 5 -те деца на возраст од 6 до 9 години своето образование ќе го започнат во обновеното училиште во селото Рапеш. Понатаму планираме да му обезбедиме и компјутери само да се стабилизира состојбата со електричната инсталација околу училиштето. Планираме  да ги реновираме и рестартираме и другите училишта во другите села во Мариово. Монтажно училиште планираме да правиме во с.Далбеговци“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Реновираното училиште има една училница во која ќе се едуцираат трите првачиња и по еден ученик во второ и трето одделение во рамките на  четиригодишната одделенска настава. Четири дечиња се од Рапеш а едно е од Маково.

„Ова е многу среќен момент за нас, после 20 години да се отвори училиште во овој крај и да се слушне детски џагор. Наставата ќе биде редовна, наставничката ќе доаѓа секој ден и нема да има прекин на наставата“ вели Ана Котевска Вељановска, директор на ОУ „Славко Лумбарковски“ с. Новаци.

Училиштето во село Рапеш е прво од многуте кои ќе се реновираат во догледно време во мариовскиот крај, благодарение на општина Новаци.

ЛИНК до објавата на Канал 5

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php