Monthly Archive: September 2012

Sep 28

Се одржа 54-та седница на Советот на општина Новаци

На  54-тата седница на Советот на општина Новаци, советниците ги усвоија сите 19 точки кои беа ставени на дневниот ред. Најпрво состанокот започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа се пристапи кон гласање според планираниот распоред. Советниците го одобрија планираниот ребаланс на буџетот на општина Новаци, донесоа одлука за пристапување кон изработка на …

Continue reading »

Sep 26

Новаци една од ретките општини кои плаќаaт надоместок за новородено дете

Веќе 6 години редовна практика на општина Новаци со цел поттикнување на наталитетот на нејзината територија , да исплаќа еднократна парична помош во износ од 5000 денари за секое новородено дете.За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени …

Continue reading »

Sep 25

Со чистење на каналите против поплави

Општина Новаци интензивно работи на чистење на каналите на нејзина територија кои им претставуваат најголем проблем во текот на врнежливите периоди , со цел да превенира појава на поплави на обработливото земјиште.Тендерите за избор на фирми се завршени, изборот е направен а акцијата е започната од 15 август.

Sep 21

Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица

Дворот на прекрасниот  пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере сите верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица.Општина Новаци веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот на манастирот. Десеттина работници неуморно работеа, секој …

Continue reading »

Sep 20

Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во с.Добромири

За околу два месеци новачкото село Добромири ќе добие модерно партерно уредување и тениско игралиште со трибини. Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски вели дека за партерното ќе се издвојат нешто повеќе од 2 милиони  денари средства од буџетот.

Sep 14

600 деца од ОУ “Тодор Анѓелевски” на екскурзија во Манастирот во Новаци

Градоначалникот Лазар Котевски им беше домаќин на 600 деца од трето до осмо одделенение од ОУ„ Тодор Анѓелевски“  од Битола кои беа на еднодневна екскурзија во манастирот Мала Богородица во с. Новаци. Дечињата весели и насмеани уживаа во прекрасниот амбиент и убавата природа на единствениот манастир изграден во поле, заради што е и уникатен.

Sep 12

203 деца од Новаци ќе уживаат во благодетите на солената соба

203 деца од основното училиште Славко Лумбарковски во општина Новаци ќе имаат можност благодарение на градоначалникот Лазар Котевски да уживаат во благодетите на солената соба Солина во Битола.Денеска им беа поделени бесплатни ваучери.

Sep 11

Рекордна година во асфалтирање

Започна големата акција на општина Новаци за асфалтирање на локалните улици на нејзина територија во должина од 4 километри и поставување на тротоари во должина од 1 километар за што ќе се потрошат 1,9 милиони денари. Сите градежни зафати треба да завршат до крајот на ова година вели градоначалникот Лазар Котевски.

Sep 10

Заврши меѓународниот фудбалски турнир во Новаци

Фудбалските школи Велес од „Велес “ Р.Македонија и „Кикер“ од Краљево Р.Србија  се двете екипи кои ги освоија пехарите за прво место на меѓународниот турнир во фудбал за пионери генерација 2001-2003 кој викендов се одржа во Новаци. Жителите од општината и јас како градоначалник сме пресреќни што имаме толку многу деца собрани на едно место, …

Continue reading »

Sep 10

Асфалтиран патот до црквата во с.Далбеговци

По барање на мештаните на селото Далбеговци општина Новаци им го асфалтираше пристапниот пат до црквата Христово Воскресение а пред неколку месеци во оваа црква градоначалникот Лазар Котевски ја освети новата црковна сала за чија изградба донираше средства.

Older posts «

css.php