«

»

Aug 31

Градоначалникот Котевски на средба со Унија на Жени

Благодарни сме  и задоволни од соработката и подршката на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски во изминатите четири години и искрено се надеваме дека ќе имаме можност таа соработка да ја продолжиме и во следниот четиригодишен период, беше потенцирано на вчерашната средба со Унијата на жени од Новаци.

„Благодарни му сме на градоначалникот за целосната подршка што ни ја дава, на прекрасната соработка и на туристичките тури кои ги организираше благодарение на кои ја посетивме секоја природна убавина на Република Македонија“ рекоа членките на Унијата на жени од Новаци.

Со дружба и во прекрасна работна атмосфера се разменија искуства и мислења но се направи и стратегија за понатамошно дејствување.

“ Разговаравме за сите досегашни но и идни активности кои ќе ги организираме, и многу ме радува фактот што ЧЛЕНКИТЕ на Унија на жени на се задоволни .Јас ветувам дека ќе ги подржувам и ќе им помагам и понатаму и искрено се надевам дека таа соработка ќе ја продолжиме и во следниот четиригодишен период“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Унијата на жени од Новаци брои околу 400 членови и постои околу десеттина години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php