«

»

Aug 30

Реконструирана е соблекувалната на ФК “Добромири”

Започнаа натпреварите на ФК Новаци во втората македонска фудбалска лига. По напорните припреми и тренинзи задоволни сме од постигнатите резултати по одиграните три кола, вели Борче Јовановски- директор на ФК Новаци.

„После една година повторно се вративме во втора лига, бевме на приреми на Пелистер во хотел Молика .По враќањето напорно тренинаравме на стадионот во Новаци. На стартот на првенството сме задоволни од постигнатиот успех  во трите одиграни натпревари каде го постигнавме следниот резултат : две во гости и една дома, една нерешена утакмица, еден добиен и еден загубен меч . Со ФК„11 Октомври“ 1-1 , дома со „Корзо“ од Прилеп 2-0 и во гости со „Македонија

Ѓорче Петров“  изгубивме 3-1. Четврто коло играме на 5 септември со „Локомотива“ од Скопје“ вели Борче Јовановски- директор на ФК Новаци.

Посебно се радувам што ФК Новаци успеа да влезе и да се натпреварува во втората македонска фудбалска лига и ние како општина во границите на нашите можности ќе го подржуваме секогаш, вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Ние како општина многу вложуваме во развојот на спортот а посебно на фудбалот, затоа започнавме да вложуваме во спортската инфраструктура, па така реконструирана е соблекувалната на ФК „Добромири“ за што се потрошени околу 350 000 денари средства на општината. Изградена е бушотина и поставена е електрична инсталација за наводнување на игралиштето во с. Новаци, вредност 460 000 денари средства на општината.“ вели Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

За Денот на независноста 8 септември, општина Новаци како главен покровител организира  дводневен меѓународен турнир во фудбал за помлади пионери генерација 2001-2003 година кој ќе се одржи на теренот на ФК Новаци а на кој се очекува учество да земат околу 500 млади фудбалери од Македонија, Србија, Грција , Бугарија и Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php